Се вложуваат интензивни дипломатски напори за ослободување на 80 турски граѓани, кои се заложници на борците на групата Исламска држава во Ирак и Левантот во Мосул, северен Ирак, изјави неименуван претставник на турскиот премиер.
Тој истакна дека турски официјални претставници директно преговараат со борците во Мосул.
Меѓу киднапираните турски граѓани се и 49 лица, заробени вчера од турскиот Генерален конзулат во Мосул, како и 31 турски возачи на камиони.
Во Анкара вчера се одржа итна владина средба,, а амбасадорите во НАТО синоќа во Брисел на вонредна седница, на барање на Турција, ја разгледуваа ситуацијата во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.