| четврток, 6 декември 2018 |

Моника Селеш се верила со 72 годишен милијардер

Поранешната тенисерка Моника Селеш се верила со своето момче, бизнисменот и филантроп Том Голисано. Голисано гостувал на едно предавање во Њујорк, при што кога Моника случајно ја нарекол вереница, се открило оти парот подготвува венчавка, пренесува Bleacher Report.

Моника има 40 години, а Том 72, но очигледно разликата во годините не им пречи. Парот е во врска од 2009 година. Голисано зад себе има брак и две деца, а Моника сè уште не била во брак.

Неговото богатство се проценува на две милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top