| четврток, 6 декември 2018 |

„Андерворлд“ доаѓаат на фестивалот „Си-денс“

Пионерите на електронската музика и ненадминати владетели на танцовите подиуми низ светот, британските „Андерворлд“, се придружуваат на импресивната програма на фестивалот „Си-денс“ (Sea Dance), на кој присуството веќе го потврдија „Џамироквај“ и „Ексемпел“.

Нивниот настап на главната сцена, сместена на една од најубавите плажи на Јадран, Јаз кај Будва, ќе претставува совршена кулминација и грандиозен завршеток на големата, осумдневна „Егзит авантура“, а покрај нив на главната бина на 17 јули нè очекуваат уште низа електронски изведувачи, претставници на денс арената на EXIT, која таа вечер ќе гостува на плажата Јаз.

Ова е првпат мајсторите на електронските настапи, Карл Хајд и Рик Смит, да настапат на црногорскиот брег. „Андерворлд“, по осум објавени студиски албуми, небројни ремикси на други изведувачи и светската слава, на Јаз ќе претстават некои од своите најголеми хитови, како што се „Born Slippy“, „Dark and Long“,„ Two Months Off“ и многу други.

МНОГУ ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ ПО ПОДАРОК ЦЕНА ОД 19,99 ЕВРА ВО ПРОДАЖБА ОД ПЕТОК!

Многу ограничен контингент на еднодневни влезници за „Егзит“ по неверојатна цена од само 19,99 евра ќе биде пуштен во продажба в петок, 13 јуни. Организаторите на фестивалот очекуваат дека, како и претходната година, влезниците по оваа цена ќе бидат распродадени во рекорден рок.

ОД ПЕТОК ВО ПРОДАЖБА И КОМПЛЕТ ВЛЕЗНИЦИ ЗА ФЕСТИВАЛОТ „Си денс“

Од петок на пладне на сите продажни места на „Егзит“ ќе бидат достапни и тридневни комплет влезници за фестивал „Си денс“ по цена од 29,99 евра.
Во моментов цената на влезниците за „Егзит“ изнесува 3.580 денари, а за авантурата „Егзит“ и „Си денс“ 4.230 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top