Советниците на денешната 19 седница на Советот на Општина Штип го разгледуваа елаборатот за процена на штетите од невремето проследено со дожд и град, кое го зафати регионот на Штип на 4 и 5 мај.
Според извештајот, проценките на штети во штипскиот регион од ова невреме изнесуваат над 600.000 денари.
Лазар Соколовски од Општина Штип, кој го презентираше елаборатот, вели дека до Комисијата за проценка на штети биле пристигнати 14 пријави од граѓаните и фирмите, а најмногу штета има врз земјоделските производи.
Општинската Комисија за проценки на штети елаборатот ќе го достави до надлежните владини институции, а проценките се правени во согласност со утврдената метадологија.
Советниците на седницата на Советот на Општина Штип ги разгледуваа и прифатија извештаите на Територијалната противпожарна единица и се усвои предлог-програма за уредување на градежно земјиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


