Ракометарите на Металург денеска од 17 часот, ќе ги одмерат силите со данскиот Силкеборг. Овој натпревар од последното коло во Ц групата во Лигата на шампиони во сезоната 2012/2013, ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“. Откако вчера Киелце забележа победа во Велење над Горење со 29:25, без оглед на тоа со каков резултат ќе заврши денешниот меч во Скопје, Металург во Ц групата ќе биде второпласиран, додека Силкеборг ќе биде на четвртата позиција.
Можни противници на Металург во осмина финалето се екипите на Атлетико Мадрид (тимот на Кире Лазаров, Чеховски Медведи и Динамо Минск, кои во своите групи го освоија третото место.
Осмина финалните двојки во Лигата на шампиони ќе бидат извлечени во вторник на 26.февруари, во седиштето на ЕХФ во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.