Наталиа Наумоф, ќерка на министерот без ресор во македонската влада Џери Наумоф, е најновото име на списокот на женската фудбалска репрезентација на Македонија. Наталиа се најде на листата на селекторот Добре Димовски и треба да дебитира за Македонија на квалификациските дуелите за СП, кои ќе ги играме со Естонија и Чешка, објави спортмедиа.мк.
Наталија (23), која живее во Илиноис, настапува во средниот ред. Својата фудбалска кариера таа ја изградила во САД, каде што настапувала во американските фудбалски колеџ-лиги.
За нашата репрезентација, мечевите против Естонија и Чешка ќе бидат само формалност, зашто за нас квалификациите за пласман на СП се завршени, бидејќи сме заковани на дното на табелата без ниту еден освоен бод и гол разлика 2-47.
Лидер во групата 2 е репрезентацијата на Шпанија (22 бода), второпласирана е Италија (16) додека по нив следат Чешка (8), Романија (5) и Естонија (3).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



