| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува „Нисан“ опен 2014‏

По три успешно организирани хуманитарни тениски турнири на ТД Кадис, оваа година за прв пат се одржува хуманитарниот тениски турнир Нисан опен 2014 во организација на компанијата „Аутомотив Груп“ и тоа во периодот од 23.06.2014 до 03.07.2014 во тенискиот клуб „АБЦ“.

Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хемато онкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Апликациите за турнирот можат да се пополнат „Фејсбук“ фан страната на „Нисан“ како и сите заинтересирани да се запознаат со официјалните пропозиции и правила за игра. Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории и тоа во единечна категорија и во категорија двојки. Оваа година учесниците освен тоа што ќе донираат исто така и ќе се натпреваруваат за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат во генералниот застапник на светскиот тениски бренд „Баболат“ во Македонија – ИНТЕКО.

И оваа година во турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три подкатегории: црвен, портокалов и зелен тенис .

Дознајте повеќе и пријавете се на следниот линк: https://www.facebook.com/NissanMacedonia/app_1444457385804897

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top