Радмила Шекеринска е последниот пратеник на СДСМ што побарал апанажа од Собранието на Република Македонија.
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска на седница изгласа апанажа за уште 29 пратеници од минатиот состав кои во законскиот рок поднесоа барања. Со ова вкупниот број парламентарци од претходниот собраниски состав што ќе добиваат апанажа е 51.
Најголема дискусија предизвика барањето што еден ден пред завршување на овој рок го поднесе заменичката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Пратеникот Алаксандар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата праша дали тоа што пратениците од опозициската СДСМ, кои не ги признаваат изборите и не доаѓаат на работа во Собранието, со поднесувањето на барањата за апанажи го промениле својот став.
Пратениците што се избрани на овие избори, рече тој, ќе ги гласаат овие барања за апанажа со кои ќе им се одобри плата на парламентарците од минатиот состав во износ од околу 60.000 денари.
Ромео Тренев, пак, од истата партија, рече дека иако во принцип никогаш досега не се коментирале барања за апанажа на колеги пратеници, не можел да остане нем на барањето што го поднела Шекеринска, која не го признава Собранието, а бара надомест.
Според него, ова е лицемерие и не е ниту морално ниту етички.
– Ги натера новоизбраните пратеници да дадат оставки, а потоа поднесе барање за апанажа – рече Тренов.
Рафиз Алити од ДУИ апелира до СДСМ да се врати во Собранието и државните интереси да ги штити од законодавниот дом. Според него, парламент што нема опозиција на некој начин е осакатаен.
На денешната седница, исто така, беа изгласани и составите на собраниските комисии и тела. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувања, Зоран Илиовски, рече дека во комисиите се оставени места за пратениците од СДСМ.
Според тоа, не се пополнети претседателските места во неколку комисии, меѓу кои во комисите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за здравство, како и во двете комисии за надзор на работата на безбедносните сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името


