| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа лето, време е за рамен стомак

menta_teaКомбинацијата од производи што секојдневно ги консумираме има големо влијание врз обемот на половината, и тоа не само заради калориите што ги содржи туку и затоа што некои од нив предизвикуваат надуеност. За среќа, постојат напитоци кои делуваат врз насобраниот воздух во цревата и врз забавениот метаболизам, а во нивната примена е важно да се биде доследен и наскоро резултатите ќе бидат очигледни.

1. Ладен чај од нане

Нането ги смирува пречките во варењето и му помага на желудникот за побрза апсорпција намаснотиите. Освен тоа овие зелени миризливи ливчиња го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот. Се препорачува во текот на денот да се испијат најмалку две шолји ладен чај од нане.

2. Фрапе од ананас

Малку калории, многу влакна и голем процент на вода со изобилие на витамини и минерали се карактеристики на ананасот кој создава чувство на ситост и го спречува прејадувањето. Освен тоа, ананасот содржи ензим бромелаин кој помага во варењето на протеините и го подобрува варењето воопшто. Половина ананас измешајте во блендер со две лажици ланено масло кое изобилува со незаситени масни киселини и ја смалува надуеноста. Овој напиток земајте го во текот на денот наместо ужина.

3. Напиток од темно чоколадо

Темното чоколадо е богато со антиоксиданси, ги опушта жилите и ја подобрува циркулацијата на крвта, го снижува крвниот притисок и докажано влијае врз телесната тежина. Имено, чоколадото со 70 проценти какао го намалува апетитот и создава чувство на ситост. Во блендер измешајте 2 дл јогурт, две лажици мед, 5 дкг темно чоколадо и пола банана. Со оглед на тоа што заситува, овој напиток е најдобро да се консумира за појадок.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top