Со почетокот на Светското првенство во фудбал, како и почетокот на летната сезона, Државна лотарија на Македонија прави времен прекин на
играта на среќа Бинго бум. Продолжувањето на приредувањето на Бинго бум играта на среќа ќе биде дополнително најавено со почеток на сезоната есен/зима 2014.
Емисијата „Време за среќа“ ќе продолжи да се емитува на МРТ1 во скратена верзија во која ќе се емитува извлекувањето на добитните бројчиња од играта на среќа ТОП5. Премијата се добива доколку од 35 бројки се погодат добитните 5. Уплатата е на сите продажни места низ Република Македонија, со знакот Среќно место. Добивката за 5-ка изнесува над 500.000 денари, а фондот постојано расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



