| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна изведба на претставата „Животот е сон“ во МНТ

t720379_Zivotot-e-son-018

Со цел да соберат пари за жена со попреченост од Чаир, учениците од гимназијата Раде Јовчески Корчагин заедно со Македонскиот народен театар (МНТ), в недела со почеток во 20 часот организираат хуманитарна изведба на претставата „Животот е сон“.

Учениците-организатори се и волонтери во Црвениот крст на општина Центар, а оваа хуманитарна акција е дел од проектот „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, во кој оваа година големо учество земаа учениците од оваа скопска гимназија.

Претставата e во режија на Владо Цветановски, а цената на влезниците е 150 денари и може да се нарачаат онлајн.

Имплементацијата на Националната Програма Промоција на хумани вредности е овозможена со грант на програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИР-а и финансиски поддржана од Швајцарска агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларија за соработка во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top