Атмосферата денеска значително ќе се стабилизира , па затоа во текот на денот ќе преовладува сончево време. Мало зголемување на облачноста ќе има попладне, а сосема минимална веројатност за слаб дожд ќе има во околината на шарскиот регион. Ќе дува слаб ветер, претежно од северен правец.
Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе има вредност од 13°С до 17°С.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност 28°С во котлините во западниот регион, и 30°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална температура до 34°С.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Скопскиот регион очекува претежно сончево време. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе има вредност 16°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 32°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.