Невреме проследено со силен ветер, пороен дожд, град и силни електрични празнења попладнево го зафатија Кавадарци, објави „Утрински весник“. За петнаесетина минути, колку што траеше невремето улиците во градот се претворија во река. На повеќе места имаше искорнато дрвја, а во близина на фабриката Фени индустри искорнати четири стебла го закочија сообраќајот.
Дали градот направи штета врз земјоделските култури дополнително ќе се утврдува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.