| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Со деструктивното однесување СДСМ ќе биде избришана од политичката сцена

Tatjana Karakamiseva (Custom)

-Однесувањето на СДСМ  е однесување да се тера со главата во ѕид и да се толкува поинаку правото – вака професорката по уставно право Тања Каракамишева – Јовановска го оценува однесувањето на опозицијата по предвремените парламентарни избори што се оддржаа во априч годинава. СДСМ реши да не ги признае резултатите по катастрофалниот пораз на овие избори.

Професорката за време на гостувањето во Во емисијата „Пулт“ на „Радио Слободна Македонија“вели дека дополнителните избори се предвидени како категорија во изборниот законик и јасно е наведено која е процедура  која ја спроведува ДИК со нова изборна постапка

– Претседателот на Собранието ги распишува изборите како за нови избори, но сега треба да се исполнат 33 испразнети пратенички места и тука нема ништо со констатацијата на опозицијата за создавање некаква виртуелна опозиција. Во демократско општество на сите подеднакво им е дадена можноста да се кандидираат и да ја бараат довербата кај граѓаните. СДСМ со ваквото деструктивно однесување ќе биде избришана  од политичката сцена. СДСМ тоне и продолжува да тоне, место да ја признаат грешката, тие продолжуваат“, констатира Каракамишева.

За однесувањето на македонската опозиција по средбата со еврокомесарот Штефан Филе професорката вели дека со своето однесување лидерот Зоран Заев и Радмила Шекеринска само даваат знак на која линија се става опозицијата. Европската Унија и комесарот за проширување Филе  дадоа јасна порака –  СДСМ да се врати во Парламентот. Иако ова го потенцираше на средбата со раководството на партијата, најголемата опозициска партија продолжува со барањето за техничка влада.

„Обично кога некој ве вика во Брисел значи дека сака да ве укори“, нагласува професорката аргументирајќи го тоа дека по средбата Заев и Шеќеринска немаат изјави за новинарите и стануваат јасни барањата и инструкциите на Филе и со тоа паѓа во вода потенцирањето на СДСМ за странскиот фактор кој треба да медитира за да се надмине нивната состојба.

По средбата со Филе според Каракамишева станува јасно во која насока сега треба да се движи сега опозицијата која треба да ретерира, да размислат дали има простор да ги отповикаат оставките во Парламентот  или да одат на дополнителни избори што за нив не е добра опција.

Како што потенцираше Каракамишева СДСМ  ја доби пораката од странскиот фактор дека бојкотот не е решение и тоа ги стави во една прилично сложена ситуација која во наредниве денови ќе биде разјаснета. Сепак однесувањето на опозицијата за професорката е антисистемско и антидржавно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top