Во општината Аеродром, спроти салата „Јане Сандански“, денеска беше поставен камен-темелник на црквата „Цвета Троица“, чиј ктитор е Сергеј Самсоненко. На свеченоста присуствуваше Градоначакнилот на Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески, бројни претставници на политичкиот и културниот и спортскиот живот на земјава, претставници на дипломатскиот кор, како и црковни великодостојници.
Осветувањето на црквата го изврши архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, кој истакна дека изградбара на овој храм нема да влезе само во историјата на Македонската православна црква, туку и во историјата на македонско-руските односи. Овој храм е споменик на вековните духовни односи меѓу Македонија и Русија.
-Во ова време најмногу ни е потребан подадената рака, особено на црковен план и неоправдано ја очекуваме до голема надеж. Овој храм нека биде потврда на нашата меѓусебна љубов и почит, нека биде дом што ќе ја сведочи нашата заедничка вера и љубов, истакна Г.Г. Стефан.
Ктиторот Сергеј Самсоненко истакна дека со изградбата на оваа црква уште повеќе ќе се зближат двата народи на Македонија и на Русија, кои смета дека и онака се многу слични и блиски и кој се уверил во тоа по доаѓањето во Македонија, за која како што рече пред да дојде не знаел ништо.
Црквата се очекува да биде готова во 2015 година, а изведувач на градежните работи е „Жикол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.