| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна дел од оградата на „Мостот на љубовта“ во Париз

most na ljubovta

Сите знаеме дека љубовта е тешка, посебно кога таа е со катанци заклучена на „Мостот на љубовта“, односно „Мостот на Уметноста“ во Париз. Но, под тежината на катанците на љубовта, вчера попушти дел од оградата на мостот, јавува MIA.

Оградата падна на мостот, а не во Сена, на која се закотвени речните бродови, и притоа нема повредени.

Париз е град на љубовта и овој инцидент само ќе ја отвори дебатата за “lock love” (катанец на љубовта) која прогресивно ги освои сите мостови на француската престолнина и започна да се извезува и надвор од границите на Градот на светлината.

Проблемот е што катанците тежат многу и сите заедно ги прават кревки и ранливи оградите на мостот, кои не беа направени да носат таква тежина.

Пред паѓањето на оградата,  веднаш по својот избор новата градоначалничка на Париз изрази намера да го испразни мостот на Уметноста од сите овие симболи на љубовта и рече дека сака да размислува за нови, солидарни и еколошки алтернативи за изразување на љубовта.

Најбројни кои поставуваат катанци во знак на заклучената љубов на мостот, по што клучот го фралаат во Сена, се туристите. Но дел од нив загрижени за природната средина иницираа петиција, според која оваа практика со катанци на љубовта ја нагрдуваат архитектурата на мостот.

Веднаш по вчерашниот инцидент мостот беше евакуиран и затворен за минувачите, а од општината Париз најавуваат дека мостот наскоро ќе биде отворен повторно за минување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top