Еден од најценетите тениски турнири на планетата, Ролан Гарос во Париз ги круниса старо-новите шампиони, Рафаел Надал и Марија Шарапова, по двонеделна битка на земјените терени крај булоњската шума. Имаше и падови и подеми, а на крајот титулите заминаа на вистинска адреса кај најдобрите.
И ова издание на гранслемот понуди интересни мечеви, моменти, прекрасни поени, неочекувани пресврти, уживање за публиката.
Потег број 1 е парадата на Гаел Монфис против германскиот тенисер Штруф. Атрактивно од францускиот ас, иако не му донесе поен.
Камерите на Гарос ги регистрираа и маките на Новак Ѓоковиќ во финалето против Рафаел Надал. Ноле повраќаше, па потоа и заплака по мечот кога публиката го поздрави со овации скандирајќи го неговото име по поразот од големиот ривал. Од радост по рекордната деветта титула во модерното доба на Ролан Гарос, со солзи радосници му се приклучи и Надал.
За крај повторно за финалето во машка конкуренција. Но, овојпат дамите беа во фокусот. Надал направи брејк, мајката на шпанскиот ас реагираше бурно, а Марија Изабела, сестрата на Рафа, „нежно“ со шлаканица се обиде да ја смири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)