Името Карлос Маркони можеби не ви значи ништо, но се работи за човек што има направено значителен придонес за развојот на фудбалот на Лео Меси, бидејќи тој го тренирал во детските денови, а на интересен начин влијаел денеска да стане еден од најдобрите фудбалери.
– Кога го тренирав Меси како дете, тој слабо јадеше. Се договоривме за секој даден гол да добие чоколаден кекс, меѓутоа проблемот беше што на еден натпревар постигнуваше по пет гола, па морав малку да му ја отежнам работата. Му реков дека ќе добие два кекса доколку постигне гол со глава. Тогаш ме изненади, ја помина целата противничка екипа, потоа и голманот, застана, ја крена топката и постигна гол со глава. Само ме погледна, се насмеа и ми покажа два прста – изјави Маркони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


