| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи слави на Косово

hasim-taci6-620x330

Лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, доцна синоќа прогласи изборна победа на предвремените парламентарни избори, а неговите приврзаници славеа во повеќе градови на Косово.

– Сите граѓани на Косово, сите политички партии испратија најдобра порака во светот дека во Косово функционира деморактија – изјави Тачи за „Клан Косово“.

Според него, на Косово е достигнат стандардот „мирни скандинавски избори“.

– Им благодарам на сите граѓани на Косово и на останатите партии на начинот на кои поминаа изборите. Победи државата Косово, граѓаните на Косово, демократските вредности – подвлече тој.

Претседателката на ДИК, Ваљдета Дака, на прес-конференцијата рекла дека сите избирачки места биле затворени навреме и дека на изборите гласале 750.112 граѓани.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top