| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи: Избори важни за иднината на Косово

Hashim-Thaci-prime-minist-007Лидерите на водечките политички партии во Косово го искористија своето гласачко право и воедно ги повикаа граѓаните во што поголем број да го сторат истото.

По гласањето, косовската претседателка Атифете Јахјага ги повика граѓаните масовно да излезат на избирачките места, дополнувајќи дека овие избори треба да го покажат јакнењето на демократијата во Косово. Таа истакна дека само со излегувањето на изборите граѓаните можат да и помогнат на земјата и нејзината иднина.

– Денешниот ден е испит за целокупниот развој на нашата земја, порача Јахјага.

Лидерот на Демократската партија на Косово и актуелен премиер Хашим Тачи изјави дека овие избори се многу важни за иднината на Косово. Тој ги повика граѓаните да гласаат и апелираше на фер и слободни избори, истакнувајќи дека денеска е „битка на конкуренцијата“.

– Денеска е важен ден за Косово во поновата историја на нашата земја, во овој многу важен процес на јакнење на државата. Нашата земја е млада европска држава, со големи развојни можности и ветивме дека ќе ја искористиме секоја можност за да правиме добро за граѓаните, порача тачи.

Тој истакна дека има целосна доверба дека денеска Косово, неговите граѓани и политичкиот спектар, ќе му испратат порака на светот дека Косово е демократија на дело и оти се развива.

Лидерот на демократскиот сојуз за Косово Иса Мустафа, исто повика на масовност на изборите.

– Пред се, очекувам да победат граѓаните на Република Косово. Би сакал да излезат и да гласаат, затоа што изборите се најдобар начин за граѓаните да одлучат за власта и тоа е добра шанса за нив. сакам овие избори да минат добро, да бидат транспарентни, регуларни и да дадат резсултати, рече Мустафа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top