| четврток, 6 декември 2018 |

За владата приоритетни се економијата и евроатланските интеграции

gruevski izjavaЕкономијата и евроатланските интеграции остануваат приоритет за идниот владин состав, изјави мандатарот на новата влада и актуелен премиер Никола Груевски. Истакна дека покрај овие два сектори, идната влада ќе остане силно фокусирана и на сите останати сектори.

– Приоритетите како што неодамна кажав во моето интервју за МИА се поврзани со економија и евроатланските интеграции, но се разбира со силен фоскус на сите други сектори. Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството – сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав- појасни Груевски.

Сите министерски места биле производ на коалиционите разговори и оти преговорите завршиле на двострано задоволство.

Осврнувајќи се на министрите без ресор, Груевски рече дека Висар Фида и Горан Мицковски ќе бидат задолжени за привлекување на инвеститори. – Тие ќе ги зајакнат досегашните министри за привлекување инвеститори Бил Павлевски, Џери Наумоф и Веле Самак, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top