| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската Национална гарда ги привела новинарите од ТВ Ѕвезда

новинари
Двајцата новинари од рускиот ТВ канал Ѕвезда Андреј Сушенков и Антон Малишев биле приведени од украинската национална гарда, јави ИТАР-ТАСС.

Тие се обвинети дека го надгледувале контролниот пункт, изјавил извор од националната гарда кој побарал да не биде именуван и додал дека новинарите во моментот се наоѓаат во Украинската служба за безбедност.

ТВ Ѕвезда претходно објави на својата веб-страница дека руската амбасада во Украина се обидува да издејствува ослободување на двајцата новинари.

Информацијата за овој инцидент пријавена е и во ОБСЕ и дипломатите се надеваат дека новинарите наскоро ќе бидат ослободени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top