Откако се дозна дека Адријана Лима поднела барање за развод, нејзиниот сопруг Марко Јариќ, поднел контра тужба во која од бразилската манекенка бара дури 30 милиони долари оштета, колку што наводно изгубил затоа што поради неа предвреме ја прекинал неговата успешна кошаркарска кариера.
-Кога Марко се врати од Белград во Америка, тие поминаа неколку дена заедно во Мајами. Се обидоа поради ќерките да ги решат проблемите. На крајот дошла темата за неверствата и жестоко се искарале. Марко, меѓу другото ја обвинил дека поради неа ја прекинал кариерата и дека тоа дебело ќе и го наплати – тврди извор близок до Јариќ, кој додал дека кога ја запознал Лима, играл за Реал Мадрид, а поради неа и нејзината желба да живеат во Америка, потпишал договор со Чикаго.
Јариќ не бил задоволен со тоа, ниту пак третманот кој го имал таму, па ја прекинал кариерата, а можел да игра уште три сезони во Реал, каде најверојатно ќе заработел 30 милиони долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



