| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен „Кам маркет“ во Тетово

kam

Разбојници воружени со пиштоли, вчера вечер го ограбиле „Кам маркет“ во Тетово, соопшти  полицијата, од каде украле 122.000 денари. Грабежот се случил околу 21.30 часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

За три дена, ова е трет грабеж во маркетите на оваа фирма. Претходно беше ограбен маркет во Скопје и Куманово.

Разбојниците, вчера вечер влегле во маркетот и заканувајќи му се вработениот дека ќе пукаат го натерале да ги однесе до просторијата каде се чувал сефот со пари. Таму била и одговорната за маркетот. Откако и на неа и се заканиле, таа го отворила сефот, па тие ги украле сите пари и избегале

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top