| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавена бомба на градската депонија во Штип

charlie sheen bomba

Вчера во СВР Штип околу 10 часот било пријавено дека во градската депонија е поставена бомба.

Од извршената контрола е утврдено дека повикот е од единаесетгодишен малолетник кој го земал мобилниот телефон на неговиот татко и се јавил на „192“, лажно се претставил и лажно пријавил за поставена бомба на наведената локација. Лицето со неговиот татко се повикани на разговор во ПС Штип. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен посебен извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top