| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишно дете виси на тераса на 5-ти кат (видео)

dete-balkon-.jpg500

Тригодишно дете од Бразил можело да загине откако со помош на столче се префрлило на надворешната страна од терасата.

Палавото дететенце направило неколку чекори по ивицата од надворешната страна на терасата на петтиот кат, па му снемало тло и останало да виси во воздух.

Глетката била ужасна, а соседите се исплашиле па ја повикале полициајата, брза помош и пожарникари, а некои останале долу со испружени раце за да го фатат доколку падне.

Соседите викале по мајката но никој не излегувал на терасата… Пожарникарите успеале да го спасат детето, па кога влегле во станот ја нашле мајката поспана на креветот.

Целата драма во Рио траела само неколку минути, но на собраните станари и минувачи им изгледало како вечнсот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top