| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на роднините на обвинетите во „Монструм“

Неколку стотици граѓани се собраа пред Јаја Паша џамијата во Чаир и по прошетката низ скопските улици го завршија протестот во близина на новата зграда на Државното јавно обвинителство, пренесува Канал 5.

monstrum

За време на протестите немаше инциденти, но беше засилено полициското присуство во центарот на Скопје. Роднините бараа ослободување на обвинетите затоа што тие сметаат дека не се виновни за масакрот кај Смилковското езеро. Протестираа и против начинот на кој беше изнесен завршниот збор од страна на Обвинителството.

Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковци е на крај, останува да се донесе и изрече пресудата откако вчера и одбраната го даде завршниот збор. Двајцата првообвинети и натаму се во косовски затвор и во тек е постапка за нивна екстрадиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top