| четврток, 6 декември 2018 |

Двоен зијан за Мајами, дебакл против Сан Антонио и повреда на Џејмс

Шампионот Мајами хит имаше непријатна епизода во првиот меч од финалната серија против Сан Антонио во битката за титулата, а зијанот е двоен. „Мамузите“ го декласираа НБА првакот со 110-95, а притоа се повреди и Леброн Џејмс.

Натпреварот беше одлучен кон средината на последната четвртина, а токму повредата на „кралот“ придонесе најмногу за дебаклот на Хит. Се уште не се знае дали Леброн ќе паузира и колку, што би бил огромен хендикеп за тимот што има две титули во низа.

Тим Данкан беше на ниво и постигна 21 поен со 10 скока во победничкиот состав, додека Џинобили забележа 16 поени. Кај Мајами Џејмс уфрли 25 поени, а Вејд и Бош дадоа 19, односно 18 поени. На следниот меч повторно Сан Антонио е домаќин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top