Полицијата во Финска наишла на вистински хорор во една куќа. Полицајците пронашле пет тела на бебиња, во фаза на распаѓање.
Жената во чија куќа се пронајдени бебињата е мажена и има деца, пренесува Reuters. Нејзиниот идентитет засега не се открива.
Од полицијата изјавуваат дека истрагата се води како убиство, имајќи го предвид фактот дека фетусите биле доволно развиени што во нормални услови би го преживеале породувањето.
Случајот во полиција го пријавиле работниците кои работеле на куќата каде жената неодамна се доселила бидејќи пронашле кутии од кои се ширела неподнослива миризба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



