Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос по победата од 3-1 против сонародникот од Шпанија, Давид Ферер. Рафа му се реваншираше на ривалот за поразот на Мастерсот во Монте Карло и сега е на само два чекори до уривање на двоен рекорд на гранслемот во Париз.
Ако повторно го освои турнирот, шпанската фурија ќе биде првиот човек во 123-годишната историја со 9 титули и единствен со 5 шампионски круни во низа.
Првиот сет му пртипадна на Ферер со 6-4, а потоа се беше во знакот на Надал. Тој ги нанижа следните три сета со резултат 6-4, 6-0, 6-1 и го чека подобриот од дуелот Монфис и Мареј во полуфиналето.
Таму има вистинска драма, а Мари прокоцка предност од 2-0 и во моментов е 2-2 во сетови. Победникот ќе игра со Надал за финале, а во второто полуфинале ќе се судрат Новак Ѓоковиќ и Ернест Гулбис.
Кај дамите имаше интересен расплет на денешните две последни четвртфиналиња. Со идентични 6-2, 6-2, Андреа Петковиќ ја елиминира Сара Ерани, а ист скор имаше и на дуелот меѓу Симона Халеп и Светлана Кузнецова, во кој Романката беше подобра и ќе игра за финале со Петковиќ.
Во суперпресметка на двете убавици на тениската сцена, Марија Шарапова ќе се бори за финале против Еужени Бушар. Од сите полуфиналистки само Шарапова има гранслем титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


