Ретко кој ја нарекува својата сопруга кучка и притоа мисли на позитивна особина. Но, кога се работи за Кање Вест и Ким Кардашијан, најверојатно станува збор за комплимент.
Славниот рапер на својата сакана ѝ подарил уникатен подарок, слика од нејзиниот фамозен задник во танга. Уметничкото дело се нарекува „Перфектна кучка“ и е дело на уличниот уметник Бамби. Ким седи свртена со грб и носи само црна танга и Loboutin потпетици.
При изборот на подарокот, Вест сакал нешто што ќе изгледа уметнички, а воедно ќе го има оној дел од Ким кој тој најмногу го цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



