
Амбасадата на Соединетите Американски Држави го најавува филмскиот фестивал „Попап-кино“. Секоја недела во јуни, на некоја невообичаена локација во Скопје, ќе биде прикажан по еден американски филм во рамките на фестивалот „Поп-ап“. Преку четирите филмски проекции, фестивалот ќе ја истакне моќта на различноста, обработувајќи ги темите на толеранција и пријателство.
Фестивалот ќе биде отворен денеска во средното училиште „Никола Карев“, со прикажување на еден познат филм за средношколски рагби тим, чии членови се обидуваат да ги надминат меѓусебните разлики и да делуваат како вистински тим. Освен гледање на филмот, публиката ќе има можност да учествува и во натпревар на фрлање на рагби топка, по што за најдобрите ќе следи награда од Амбасадата.
На 11 јуни, сцената се менува и фестивалот се префрла во градскиот клуб Менада, со почеток од 20:00 часот. Гостите во клубот ќе имаат можност да проследат класичен американски филм за едно семејство во 60-ите години, кое се прилагодува на променливите општествени очекувања.
На 18 јуни, во 20 часот, на паркингот помеѓу Градскиот парк и хотелот „Александар палас“, скопјани ќе имаат можност да гледаат филм под отворено небо, кога ќе биде прикажана возбудлива урбана драма во која игра еден од најславните холивудски актери и режисери.
Покрај овие проекции, Поп ап фестивалот ќе биде организиран и во Американските катчиња во Скопје, Тетово, Штип, Струга и Битола, со прикажување на филм од независна продукција, од жанрот комедија/драма, за современите американско-индијански искуства.
Проекциите се бесплатни и отворени за јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Вашингтон пост“: 21 американски дипломат на Куба имаат оштетено здравје, можно е затворање на амбасадата (видео)
-
МВР: Не е пронајдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД
-
Шокантни снимки од Филипините: Полициско комбе газеше луѓе кои протестираа на улица (Видео)
-
Им ветувале пари преку американската амбасада – битолчани измамени за 200.000 eвра


