| четврток, 6 декември 2018 |

Им ветувале пари преку американската амбасада – битолчани измамени за 200.000 eвра

СВР Битола поднесе кривична пријава за лицата Е.С. (30) и М.С. (40), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Пријавените во периодот од март до декември 2015 година во заблуда довеле повеќе лица од Битола да им дадат пари како зајмица, лажно наведувајќи дека им се неопходни за аплицирање за добивање проекти преку американската амбасада. Притоа на оштетените им ветиле дека позајмиците ќе им ги вратат за период од три месеци со 30% интерес.

На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 12.283.040 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top