| четврток, 6 декември 2018 |

Подготвувале свадба за 700 гости, но им пропаднала

марко

Марко и Ивана подготвувале огромна свадба за 700 луѓе, целосно ја реновирале куќата и се било спремно за бремената Ивана да дојде во новиот дом каде треба да живее со својот сопруг Марко. Но наместо тоа, тие пред една недела само се регистрираа кај матичар, а од свадбата нема да им ништо. Овој млад брачен пар од Славонија е само еден од оние на кои им пропадна се што имаа во поплавите.
– Ја средив цела куќа. Купив нов мебел, ги избелив ѕидовите, купив целосно нова спална, креветче за бебе, количка и сите потребни работи кои младите ги купуваат кога на свет им доаѓа принова. Покрај тоа, неодамна бев на лов и отстрелав 2 диви свињи. Замрзнувачите ми беа полни со дивеч. Но поплавите си го сторија своето. Загубив некаде околу 85.000 куни (околу 680.000 денари) – вели Марко за хрватските медиуми.

марко 2

Сепак, тој додава дека не му е жал, бидејќи против природата едноставно не се може.
– Тоа што ми е најважно е детето кое го очекуваме. А тоа, фала му на Бога е здраво и живо и нормално се развива. Тоа ни го потврдија и лекарите во неделата – вели Марко за хрватските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top