| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел му се закани на Путин со нови санкции ако ситуацијата во Украина не се подобри

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема да се поколеба да воведе економски санкции спрема Русија ако ситуацијата во Украина уште повеќе се дестабилизира.

merkel i putin

Меркел го повика рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз проруските сепаратисти и да помогне на тој начин за намалување на тензиите во Украина.

– Од решавачко значење е претседателот Путин да го искористи своето влијание да ги натера сепаратистите да се воздржат од насилства, да го предадат оружјето и да ја запрат окупацијата. Ако тоа не се случи, нема да се поколебам да воведам дополнителни санкции – изјави Меркел во парламентот.

Нејзината изјава беше пред средбата на врвот на Г-7 што ќе се одржи во Брисел. Меркел додаде дека светот не направил доволно за регулирање на финансиските пазари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top