| четврток, 6 декември 2018 |

Шест месеци затвор за Ален Зекиров

zekirov-alen

По речиси шест години судски процес,  Ален Зекиров, поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска доби шест месеци казна затвор, за сообраќајната несреќа во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски.

Зекиров треба да плати и судски трошоци во вредност од околу 100.000 денари,  а во рок од 15 дена Зекиров има право да се жали на првостепената пресуда.

За утврдување на тоа дали починатиот Серафимовски го туркал велосипедот или го возел кога го минувал пешачкиот премин, беа изготвени три вештачења, кои покажуваа различни наводи.

Првото вештачење покажа дека Зекиров се движел по левата коловозна лента со 65 километри на час, што е во границата на толеранцијата, а сега починатиот Серафимовски поминувал на пешачкиот премин возејќи го велисипедот и бил отфрлен 22 метри од местото на несреќата. По реакција на  адвокатот на семејството на Серафимовски, ангажиран е приватен вешта кој покажал дека Серафимовски пешачкиот премин го преминал туркајќи го велосипедот, а не возејќи.

Поради двете спротивставени вештачења, беше изготвено и трето вештачење по барање на судот, а резултатите покажаа дека сепак починатиот го минал пешачкиот премин туркајќи го велосипедот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top