| четврток, 6 декември 2018 |

Аутизмот кај бебињата е можно да се открие и до шестиот месец

bebe

Кај бебињата кои излгедаат отсустно додека им зборувате, постои голема веројатност дека ќе се развие аутизам, откриваат научниците.

Истражувачите од Универзитетот „Јејл“ спроведоа истражување и открија дека кај бебињата што посветуваат малку внимание на вашето лице додека им зборувате има голема веројатност да се развие спектар на аутистични нарушувања (АСД).

– Уште од раѓање бебињата покажуваат склоност за контакт со луѓето и интеракција вклучувајќи го и моментот на контакт очи в очи, додека кај бебињата кај кои постои склоност кон ауттизам е поинаку – вели истражувачот д-р Фредерик Шик.

Ова е прво истражување во кое се тврди дека е можно да се препознае аутизам кај бебињата  и тоа во период до шест месеци. Аутизмот обично не може да се дијагностицира до втората година од животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top