Матијас Андерсон, шведскиот репрезентативец на голот на Фленсбург, бранеше магично, а вистински подвиг направи екипата на која и се даваа најмалку шанси за трофејот во ракометната Лига на шампионите во Келн на фајналфор турнирот. Фленсбург слави, а Андерсон кој нанижа импресивни 22 одбрани вели дека неговиот тим е модел за успех на аутсајдерите.
„Се боревме постојано со посилни ривали во Келн, но покажавме дека имаме нескршлив тимски дух. Знаев дека имаме шанса и против Барселона и со Кил во финалето. Кога верувате во себе и се борите докрај можете да остварите магични работи“, изјави Андерсон по финалниот меч.
Фленсбург играше чудесно добро, најпрво се справи со големиот фаворит Барселона, а потоа го кутна и германскиот гигант Кил, а тоа го стори на величенствен начин. На двата дуели во Келн Фленсбург анулираше негатива од 6 гола разлика и забележа две блескави победи за прв, историски трофеј во елитното натпреварување.
Андерсон беше прогласен за најдобар голман во плејоф завршницата во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.