| четврток, 6 декември 2018 |

Според „Хендбол тајм“: Сергеј Самсоненко повлијателен од Лино Червар

Германскиот ракометен магазин „Хендбол тајм“ за најновото издание направи ранг листа на 100 највлијателни луѓе во светот на ракометот.

На листата се најдоа прифесионални ракометари, оперативци во ракометните истанци, тренери, судии, луѓе кои работат во и околу ракометот.

Највлијателен е Михаел Видерер – генералниот секретар на ЕХФ. На второто место е претседателот на ЕХФ Жан, Брио, а трет Герд Буцек. На десетто место е шефот на европските судии и човекот кој ги делегира за сите натпревари на ЕХФ, Драган Начевски.

Алфред Гисласон кој е тренер на Кил е на 16 место и најдобро котира од тренерите, а Ласло Наџи од Веспрем е на 18 место и највисоко е рангиран од активните ракометари.

Претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски е на 23 место, а сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко е на 55 место. Тренерот на Металург, Лино Червар е на 76 место од листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top