| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не трага по исчезнатиот „боинг 777“!?

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Потрагата по малезиски авион три месеци по исчезнувањето речиси е запрена. Едиствениот брод што останал во Индиски Океан да трага по остатоци од „боингот 777“ поради технички проблеми во саботата бил принуден да отстапи од потрагата и да се врати во пристаниште во Австралија.

Кинескиот брод во јужниот дел на океанот со помош на посебна опрема изработувал мапи за океанско дно, но делот од таа опрема откажала, така што бродот веќе немал причина да остане во тие води.

Целта на бележењето на океанското дно е да се помогне во донесување одлуки со кои подморските пловила во некои поповолни услови ќе тргнат во нова интензивна потрага по мистериозно исчезнатиот авион, кој го снема од радарите на 8 март.

Процените се дека потрагата по исчезнатиот авион може да потраат уште најмалку една година. Досегашната потрага не даде никаков резултат. Иако официјално не е потврдено, извори во американската воена морнарица тврдат дека пулсирачките сигнали, кои едно време се вервуаше дека ги испраќа црната кутија од авионот, всушност доаѓале од некој брод што учествувал во потрагата.

Во меѓувреме стручњаците продолжуваат со детална проверка на сите досегашни пресметки врз база на достапните податоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top