| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцувал злато, фатен на граница

zlato500Македонски државјанин кој сакал да прошверцува пола килограм злато преку граничниот премин Прешево е спречен од страна на српската полицијата. Златото вредно над 11.000 евра е откриено во автомобил марка „опел вектра“ со  која Македонецот патувал од Македонија во Швајцарија.

Кутијата со злато е пронајдена на задното седиште од автомобилот и била покриена.

Во неа е откриен златен накит кој тежел 564 грама, вреден 11.960 евра. Против македонскиот државјанин е покрената постапка, а накитот и автомобилот се задржани, со оглед на тоа што вредноста на златото преминувала една третина од вредноста на автомобилот во кој е пронајдено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top