Македонски државјанин кој сакал да прошверцува пола килограм злато преку граничниот премин Прешево е спречен од страна на српската полицијата. Златото вредно над 11.000 евра е откриено во автомобил марка „опел вектра“ со која Македонецот патувал од Македонија во Швајцарија.
Кутијата со злато е пронајдена на задното седиште од автомобилот и била покриена.
Во неа е откриен златен накит кој тежел 564 грама, вреден 11.960 евра. Против македонскиот државјанин е покрената постапка, а накитот и автомобилот се задржани, со оглед на тоа што вредноста на златото преминувала една третина од вредноста на автомобилот во кој е пронајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска


