| четврток, 6 декември 2018 |

Во британскиот БДП влегуваат и дрогата и проституцијата

prostitucija_462644S1Според пишувањето на Фајненшал Тајмс проституцијата и дрогата на британскиот БДП годишно му носат 10 милијарди фунти.  Британија за прв пат во пресметките за БДП ги внесе и приходите од проституција и дрога. До сега единствените незаконски активности пресметани во БДП беа про­цен­ки­те за шверц на алкохол и цигари.

Но­ви­те проценки го зголемија БДП за околу 16,7 милијарди долари во спо­ред­ба со БДП во 2009 година. Се­пак, ова е многу мал дел од вкупниот БДП на Британија, кој денес изнесува 2,5 ил­ја­ди милијарди долари..

Бирото за државна статистика на Британија соопшти дека дел од овие активности се легални во одредени земји во ЕУ, и потребни се бројки за споредба. На сите земји-членки им требаат истите стандарди, бидејќи тие се користат во про­цен­ки­те на придонесот на одредена земја-членка во буџетот на ЕУ.

По стапките на Велика Британија тргнува и Италија, која исто така во пресметките на својот БДП ќе ги внесе приходите од овие нелегални бизниси. САД го прави истото од 2012 година.

 

За да се измери проституцијата, статистичарите ќе мора да претстават во табела по­да­то­ци, како трошоци за добивање сексуални услуги, продажба на кондоми, тро­шо­ци за шминка и облека на сексуалните работници. За нелегална дрога, ќе се пресметува производството и продажбата на кокаин, хе­ро­ин, канабис, екстази и на амфетамини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top