| четврток, 6 декември 2018 |

Топлотен бран во Јапонија, има и мртви!

japonija-500
Две лица починaле, а повеќе од 300 завршиле во болница поради топлотниот бран кој ја зафати Јапонија викендов.

Во источната префектура Чиба 74-годишна жена починала додека работела во својот пластеник, а во Ибараки исто така на истокот на земјата пронајдено е тело на 61-годишна жена која паднала и починала додека работела во својата градина.

Истовремено 76-годишен маж е префрлен во болница откако паднал во Сери, западната префектура на Хирошима, а се претпоставува дека претрпел топлотен удар.

japonija2-500

Повеќе од 300 лица се задржани во болница откако живата на термометарот го надминала 30-тиот степен во многу градови во Јапонија.

Во центарот на Токио биле измерени 33 степени Целзиусови, а северно од јапонската престолнина, во местото Татебајаши измерени се 36 степени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top