| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичани изработувале лажни платежни картички

сајбер

Двајца струмичани Р.М. (30) и А.Д. (33) добија кривични пријави од Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР за изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Имено, Р.М. во периодот од 2008 до 2012 година прибавил интернет банкарски податоци од вистински платежни картички, поточно од носители на странски платежни картички вкупно 14.825 броеви со намера да ги употреби како вистински. Тој прибавените податоци ги препродавал преку интернет за што добивал одреден паричен надоместок, а А.Д. му помагал на Р.М. во криминалниот чин за што бил соодветно платен.

По извршен претрес на домот на Р.М. пронајдени и одземени се еден лаптоп, едно куќиште од персонален компјутер, еден внатрешен хард диск, USB, како и лажни платежни картички.

По вештачењето е утврдено дека Р.М. на магнетна лента на оргинална катичка ги менувал податоците и внесувал податоци од странски државјани и нивните вистински банкарски податоци. Во лаптопот и куќиштето се пронајдени 14.825 броеви од платеѓни картички и податоци од вистинските сопственици.

Утврдено е дека преку сервисите за брз трансфер на пари „Western Union”, „DMTH-MoneuGram” и „Унија Финансиска“, Р.М. примил 2.679 евра и 1.150 долари, а испратил 1.566 долари, а А.Д. примил 1.905 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top