| четврток, 6 декември 2018 |

Кончита Вурст ги засени Бил Клинтон и Рики Мартин

Koncita-Vurst-830x553

Кончита Вурст, победникот на овогодинешниот натпревар на песни Евровизија, стана централната фигура на Балот на животот, најголемиот во Европа добротворен настан, кој се одржа синоќа во Виена, соопштува Ројтерс.

Вурст ги засени сите истакнати гости на забавата  како поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, актерката Линдзи Лохан, дизајнерката Вивиен Уестуд, пејачот Рики Мартин и актерката Марша Крос од серијата “Очајни домаќинки” и др. Најголемата манифестација во Европа во поддршка на ХИВ позитивни и болни од СИДА оваа година мина под мотото “Бори се  против СИДА и радувај се на животот “. Кончита Вурст  собра овации на гостите на забавата, откако ја отпеја евровизиската победничка песна . Минатата година Балот на животот собра околу 2,4 милиони евра, а голем дел од средствата беа донирани за иницијативата на Клинтон “Пристап до здравствена заштита”, на  институции кои се занимаваат со лекување на ХИВ инфекции кај децата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top