Шестмина алпинисти најверојатно загинале, затрупани од лавина, во американскиот национален парк Рејниар, во државата Вашингтон, соопштија американските медиуми.
Сигнали од нивните предаватели биле регистрирани доста подолу од местото каде бил нивниот последен логор.
Пронајдена е и опрема затрупана од снег.
Спасувачките екипи сметаат дека нема реални шанси планинарите да бидат пронајдат живи.
Потрагата привремено е запрена. Реонот, во кој се претпоставува дека се наоѓаат телата, е многу опасен, а таму постојано има врнежи од снег и одрони од камења.
Планината Рејниар, лоцирана југоисточно од Сиетл, е висока 4.390 метри и секоја година привлекува илјадници алпинисти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стотици планинари заглавени по силниот земјотрес во Индонезија
-
Протече снимка од големото спасување планинари на Шапка (видео)
-
Емисијата „КОД“ со нови сознанија за загинувањето на Калина и Александар (видео)
-
Федерацијата на планинарски спортови формира комисија за случајот со двајцата загинати планинари