Германскиот институт Макс Планк спроведе истражување кое покажа дека на мажите кои гледаат порно- филмови им се смалува мозокот. Притоа ги отапуваат реакциите на сексуална стимулација. За прв пат е докажана врската меѓу редовното гледање порно, смалувањето на мозокот и мозочните активности при сексуалните стимулации.
64 здрави мажи меѓу 21 и 45 години учествувале во испитувањето кое покажало голема разлика во големината на мозокот зависно од воздржување или редовно гледање на порно.
Видовме дека волуменот на стратиумот (задниот дел на мозокот) делот кој се поврзува со мотивацијата, е помал кај оние кои редовно гледаат порно. Другите делови на мозокот, дел од стратумот и е активна при сексуална стимулација, покажала помала активност при зголемено гледање на порно. Се што луѓето долготрајно и често го прават може да ги обликува структурата и функцијата на мозокот- посочуваат научниците.
Но без паника. дури и научниците се сложни дека умереното гледање на порно филмови не е опасно и штетно по здравјето и мозокот. Се додава дека ова е почеток и дека е потребно долгогодишно истражување за да се утврди вистината како порнографијата го менува мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.