| четврток, 6 декември 2018 |

Петка за Федерер против Турсунов, на ред е дерби со Гулбис

Роџер Федерер ја забележа и петтата победа во исто толку мечеви против Дмитри Турсунов и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, каде го чека дерби против одличниот Летонец Ернест Гулбис.

Федерер загуби еден сет против Турсунов и тоа вториот во тај-брејк, но имаше ритам и игра за конечна победа од 3-1 во сетови. Швајцарецот ја продолжи мисијата во атак на вториот трофеј на Ролан Гарос, но сериозните искушенија допрва доаѓаат. Во четвртото коло ќе игра против Гулбис, тенисер што е екстра-талентиран и во одлична форма. Ако ја мине и оваа пречка би играл или со Томаш Бердих, или со подобриот од дуелот Робредо – Иснер, што е во тек, а потоа евентуален ривал би му бил Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top