| четврток, 6 декември 2018 |

Фемили Бокс – најдоброто за целото семејство

телеком

Фемили Бокс е комбинација од најатрактивните мобилни и фиксни услуги на една сметка. За месечна претплата од 1999 денари вклучени се најбрзиот интернет за дома, најдобрата телевизија MaxTV со над 80 ТВ канали и два постпејд броја со неограничени разговори кон сите мрежи и неограничен интернет.

– Ова е првата интегрирана понуда на пазарот и е одговор на сите комуникациски потреби на едно семејство. За прв пат се нудат и телефонија и интернет и МaxTV во еден пакет и тоа неограничени. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а Фемили Бокс е најдоброто на едно место, на една сметка и по одлична цена – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле, Македонија.

Понудата е достапна за сите нови и постоечки корисници на Т-Мобиле и T-Хоум со договор за лојалност.

Корисниците на пакетот можат да купат и телевизор на рати коj ќе се плаќа преку месечната сметка, а со секој од вклучените постпејд мобилни броеви да изберат и смартфон или таблет по многу поволна цена.

Освен овие поволности корисниците кон пакетот може да приклучат и дополнителни постпејд и припејд картички по потреба, а со секоја дополнителна СИМ картичка може да се склучи договор за Доверба за мобилен апарат или таблет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top